• четврток, 26 декември 2024

Распуштен хрватскиот Сабор, изборите ќе бидат на крајот од јуни или почетокот на јули

Распуштен хрватскиот Сабор, изборите ќе бидат на крајот од јуни или почетокот на јули
Загреб, 18 мај 2020 (МИА) - Хрватскиот Сабор денеска донесе одлука за самораспуштање, а претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ треба да го одреди датумот за одржување на парламентарните избори. Од вкупно 151 пратеник „за“ распуштање на Саборот гласаа 105, осум беа „против“ и четворица „воздржани“. Се очекува Милановиќ во следните неколку дена да одлучи за датумот за избори, што мора да се одржат во рок од 30 до 60 дена од распуштање на Парламентот. Можни датуми се 21 и 28 јуни или 5 и 12 јули. Додека пратениците дебатираа за распуштање пред Саборот имаше протест на граѓани и партии кои воглавно дејствуваат во Собранието на град Загреб поради тоа што пред распуштањето не е донесен закон за обнова на Загреб по мартовскиот силен земјотрес. Тие носеа транспаренти против власта и градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ. На еден од транспарентите пишуваше „Загреб ова никогаш нема да ви го заборави“. ми/

Остани поврзан