• сабота, 13 декември 2025

Распуштен Парламентот на Тајланд

Распуштен Парламентот на Тајланд

Бангкок, 12 декември 2025 (МИА) – Парламентот на Тајланд денеска се распушти, а новите парламентарни избори ќе се одржат на почетокот на следната година.

Премиерот Анутин Чарнвиракул го распушти Парламентот по добиената дозвола од кралот на Тајланд, Маха Ваџиралонгкорн.

- Сакам да ја вратам власта на народот, напиша Чарнвиракул на социјалната мрежа Фејсбук.

Анутин беше премиер три месеци. Тој го наследи го Фајтонгтајн Шинаватра, од Тајландската народна партија, кој беше отстранет од функцијата откако беше прогласен за виновен за прекршување на етичките правила по протечениот телефонски разговор со претседателот на Сенатот на Камбоџа, Хун Сен. По разговорот во јули уследи пограничен конфликт меѓу двете земји, кој и покрај мировниот договор сè уште трае.

Анутин победи на парламентарните избори во септември со поддршка на главната опозициска Народна партија во замена за ветување дека ќе го распушти Парламентот во рок од четири месеци и ќе организира референдум за изготвување нов устав, кој треба да биде одобрен од Парламентот. ми/мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан