• недела, 23 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Распродадени влезниците за ракометното дерби Еурофарм Пелистер – Алкалоид

Распродадени влезниците за ракометното дерби Еурофарм Пелистер – Алкалоид

Битола, 23 февруари 2025 (МИА) - Влезниците за дерби ракометниот натпревар меѓу лидерот на табелата Алкалоид и Еурофарм Пелистер кој утревечер ќе се одригра во Битола, се распродадени.

Од РК Еурофарм Пелистер информираат дека спортската сала „Боро Чурлевски“ ќе биде исполнета целосно и се очекува голем спортски ракометен спектакл.

Дуелот меѓу актуелниот македонски шампион Еурофарм Пелистер и актуелниот лидер на табелата Алкалоид е закажан за утре во 18 часот, а Ракометната федерација на Македонија ги делегира најдобрите ракометни судии во Европа и светот, Ѓорги Начевски и Славе Николов. мт/зс/

Фото: Еурофарм Пелистер

Остани поврзан