• вторник, 17 декември 2024

Распишан конкурсот за наградата „Роман на годината“ за 2024 година

Распишан конкурсот за наградата „Роман на годината“ за 2024 година

Скопје, 14 декември 2024 (МИА) - Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ го распиша годинашниот конкурс за наградата „Роман на годината“ за 2024 година, кој ќе трае од 15 декември годинава до 15 јануари 2025 година.

Право на учество имаат романите кои првпат се објавени на македонски јазик во 2024 година. Kандидатите се обврзани да достават по пет примероци од романот кои не се враќаат, во читалницата „Славко Јаневски“ во Скопје (ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 23/1-1) секој работен ден од 12 до 20 часот или по пошта на адреса на Фондацијата, бул. „Кузман Јосифовски Питу“ 19/6-40, Скопје.

Пожелно е и доставување на романи во електронска верзија на адресата: romannagodinata@gmail.com

Наградата „Роман на годината“ се состои од паричен износ од 150.000 денари, статуетка и плакета. Одлуката за добитникот на наградата петчлената жири-комисија е обврзана да ја донесе најдоцна до 15 март 2025 година и да ја објави на прес-конференција.

Наградата „Роман на годината“, чиј генерален покровител е „Комерцијална банка“ АД Скопје, годинава ќе се додели 26-ти пат.

Романот „Единствен матичен број“ на Лидија Димковска („Три“, 2023) е лауреатот на наградата „Роман на годината“ за 2023 година. мд/

Фото: Принтскрин 

Остани поврзан