• недела, 06 октомври 2024

Распишани избори за градоначалници на Маврово и Ростуше и на Центар Жупа

Распишани избори за градоначалници на Маврово и Ростуше и на Центар Жупа
Скопје, 11 јуни 2022 (МИА) - Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери врз основа на Изборниот законик, денеска распиша избори за градоначалници на Општините Маврово и Ростуше и Центар Жупа за 20 август 2022 година. -Роковите за извршување на изборните дејствија почнуваат да течат од денот на објавувањето на Решението за распишување на изборите во „Службен весник на Република Северна Македонија“, се наведува во соопштението Изборите, согласно Решението за нивно распишување, ќе ги спроведат Државната изборна комисија, Општинските изборни комисии и Избирачките одбори.бк/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан