• четврток, 26 декември 2024

Расказ на Томислав Османли објавен на книжевен портал во Турција

Расказ на Томислав Османли објавен на книжевен портал во Турција
Скопје, 17 ноември 2022 (МИА)Расказот „Наредното евангелие“ на писателот Томислав Османли, заедно со биографија на авторот, е објавен на порталот за литература и книжевна критика „Kritikbu(kritikbu.com) во Истанбул, двојазично - на турски и на англиски јазик. 
Расказот на Османли, во кој се тематизира соочувањето на светот со пандемијата во последниве три години, првпат е објавен во 2020 во прилогот „Лик“ на весникот „Нова Македонија“ и оттогаш е објавен и во Хрватска, Босна и Херцеговина, Грција и Србија.

- Станува збор за куса проза која го проблематизира отуѓениот свет на денешницата, фокусирајќи ја пандемијата како метафизичка казна и предупредување, за човештвото одродено од автентичните етички и морални вредности. Во видувањето на „Наредното евангелие“ пандемијата е конечна предупреда за глобалната цилизација која ризикува да се самоукине, крајно изневереувајќи ја филантопската бит која треба да ѝ е неотстапна одлика, вели авторот. 

За објавата на расказот на порталот Kritikbu”, преводот на турски е од Мехмед Јонуз, а на англиски го преведе Димитар Т. Османли. хс/са/   

     

     

Остани поврзан