• сабота, 28 декември 2024

Расказот под наслов „Јоанес Даубманус“ проглаен за надобар на конкурсот во чест на Живко Чинго

Расказот под наслов „Јоанес Даубманус“ проглаен за надобар на конкурсот во чест на Живко Чинго

Охрид, 7 август 2024 (МИА) – Расказот под наслов „Јоанес Даубманус“ на авторот под шифрата „Фанатик“ е избран за најдобар на годинешниот конкурс „Живко Чинго“, што традиционално се распишува во чест на охридскиот и македонскиот раскажувач и писател.

Комисијата што ги оценуваше доставените трудови во состав Димитар Пандев, Иван Џепароски и Славе Ѓорѓо Димоски, во конкуренција на 62 раскази го издвои „Јоанес Даубманус“ како пример за постмодернистичка наративна постапка, проткаена со ироничен призвук и сместена во македонски книжевен контекст.

Авторот на наградениот расказ треба најдоцна до 9 август да се јави во Одделението за култура на Општина Охрид, за докажување на авторството со четвртиот примерок, информираат од Општина Охрид.

Наградата на авторот ќе му биде врачена на традиционалната манифестација „Вечер на Живко Чинго“ што ќе се одржи  на 13 август 2024 година во родното цело на Чинско, селото Велгошти. аб/нд/

Фото: МИА

Остани поврзан