• вторник, 18 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Расел ги заврши тестовите во Бахреин со првото место за Мерцедес

Расел ги заврши тестовите во Бахреин со првото место за Мерцедес

Бахреин, 28 февруари 2025 (МИА) - Џорџ Расел со Мерцедес беше најбрз на шестата и последна сесија од предсезонските тестирања во Бахреин, при што Британецот го собори светскиот шампион Макс Верстапен од првото место во последните минути од патеката.

Расел забележа 1.29.545 минути во својот најбрз круг и го престигна Верстапен за 0.021 секунда, додека Алекс Албон ги комплетираше првите 3 со Вилијамс.

Возачот на Алпин, Пјер Гасли, исто така имаше силен настап во попладневната сесија, разменувајќи најбрзи времиња со Расел во првите два часа.

Денеска тестовите беа прекинати по втор пат во еден ден со црвено знаме - поради тестови на сигналниот систем на патеката, но веднаш потоа во безбедносната зона на свиокот 10 беше забележан автобус во движење. Минатата година, Логан Сарџент се сврте со голема брзина токму на ова место.

Верстапен го презеде водството по зајдисонце, следен од двајцата возачи на Вилијамс, Албон и Карлос Саинц, но тајландскиот возач беше на помеките C4 гуми, а Макс на поцврстите C3.

Макс изгуби малку време на патеката во попладневните часови поради истекување на моторното масло и забележа вкупно 81 круг, додека Албон изврте најмногу денес - 135. Шампионот забележа и едно вртење на свиокот бр.1, но излезе неповреден и продолжи да вози. дс

Фото: Архива

Остани поврзан