• среда, 25 декември 2024

Расел Бренд се соочува со нови обвинувања за сексуални напади

Расел Бренд се соочува со нови обвинувања за сексуални напади

Лондон, 18 септември 2023 (МИА) - Само неколку дена откако во медиумите беше обвинет за силување, сексуален напад и злоупотреба на четири жени, Расел Бренд се соочува со нови обвинувања.

Сега уште неколку жени излегоа со обвинувања кон британскиот глумец. Како што пренесуваат западните медиуми, неколку жени се пожалиле на недозволиво сексуално однесување на актерот во предминатото десетлетие. Подробности сѐ уште не се објавени, но се вели, случаите ќе бидат ригорозно проверени, соопштија надлежните.

Глумецот ги одрече сите наводи.

Пред извесно време, по заедничка истрага на лондонски „Тајмс“ „Сандеј тајмс“ и „Канал 4 диспеч“, познатиот комичар се соочува со обвинувања за силување на четири жени, меѓу кои и 16-годишна тинејџерка. Наводните случаи се од 2006 - 2013 година, кога Бренд беше на врвот на својата слава, па глумеше во голем број шоуа и холивудски филмови.

Медиумите пренесуваат и коментар од лондонската полиција.

- Свесни сме за пишувањата во медиумите за големиот број наводи за сексуална злоупотреба. До овој миг не сме добиле никаква пријава во врска со ова. Ако некој верува дека бил жртва на сексуален напад, без оглед на тоа пред колку време се случило, бараме тоа лице да контактира со полицијата, изјави претставникот на полицијата.

Властите повикуваат да се пријават сите наводи за криминал кај надлежните органи.  си/

Фото: ЕПА

Остани поврзан