• петок, 27 декември 2024

Раните резервации за зимската сезона во Пампорово се во пораст, билетите за жичарниците се по ланските цени до 20 ноември

Раните резервации за зимската сезона во Пампорово се во пораст, билетите за жичарниците се по ланските цени до 20 ноември
Софија, 21 септември 2022 (МИА) - Зголемување на раните резервации за зимската сезона во Пампорово се забележени и кај бугарските и кај странските туристи, изјави за БТА Маријан Бељаков, извршен директор на АД „Пампорово“. Ова е веста на денот од Република Бугарија, избрана на Бугарската телеграфска агенција (БТА) за објавување од МИА, согласно Договорот за размена на информации професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат директно избрана од другата агенција вест на денот на соодветната земја, а другата агенција да ја објави на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.    Според него зголемениот интерес од тур-операторите и индивидуалните резервации ги негира предвидувањата за вооченото чекање во планирањето на патувањата за одмор во период на непредвидлива инфлација. „Пампорово“ од утре ги пушта во продажба билетите за жичарниците по лански цени, а промотивниот период трае до 20 ноември. Новата ски-карта „Селект“, што се нуди за рана продажба, има отворени термини за користење во зимската сезона, со опции од половина ден до седум последователни дена. Од одморалиштето известуваат за нагло зголемување на интересот на тур-операторите за резервации за зимската сезона. Според хотелиерите, растот на раните резервации се должи на цените на услугите кои засега се задржани блиску до ланските. Како главен контингент за претстојната скијачка сезона во Пампорово се појавуваат претежно бугарски туристи, како и групи за одмор од соседните балкански земји, Велика Британија и Ирска. Во промотивната продажба на билети за жичарниците се одржуваат цените од претходната сезона - 45 лева за деца (од седум до 11 години), 59 лева за млади (од 12 до 17 години) и лица над 65 години, како и 75 лева. за возрасни (од 18 до 64 години). Повластените услови остануваат валидни и за купување на сезонски билети за ски-лифт - за целата сезона без ограничувања или само за работните денови. Со најавената предвремена продажба на билетите за жичарниците по сегашните цени, се овозможува финансиска предвидливост на одморот во ваква сложена економска состојба и инфлација, прецизираат од „Пампорово“ АД. Билетите по промотивни цени се достапни за купување само преку официјалната интернет платформа на „Пампорово“ АД. Добивањето ски-карта е возможно бесконтактно преку пик-ап уредите во одморалиштето, со скенирање на КјуЕр-код генериран при купување преку онлајн продавницата или на каси, преку  обезбедувањето електронски ваучер преку мобилен уред или на хартија, според информациите од компанијата. Медиумската информативна агенција овие текстови ги објавува во оригинална форма, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка меѓу двете национални новински агенции МИА и БТА

Тагови

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан