• недела, 22 декември 2024

Раниери пред отказ во Вотфорд

Раниери пред отказ во Вотфорд
Лондон, 22 јануари 2022 (МИА) - Тренерот на Вотфорд, Клаудио Раниери е на работ да добие отказ од клубот. Раководството на клубот е незадоволно од состојбата во тимот, кој е во зоната за испаѓање, пишува „The Telegraph“. Хорнетс размислуваат да го отпуштат Раниери со цел подобрување на резултатите и спречување тимот да испадна од елитата. Да напоменеме дека Вотфорд последната победа во Премиер лигата ја извојува на 20 ноември над Манчестер јунајтед. зс/

Остани поврзан