• недела, 01 септември 2024

Рангник пред Атлетико: Ако играме како со Тотенхем, сигурно ќе победиме

Рангник пред Атлетико: Ако играме како со Тотенхем, сигурно ќе победиме
Манчестер, 14 март 2022 (МИА) – Тренерот на Манчестер јунајтед, Ралф Рангник верува дека неговиот тим ќе победи во реваншот од Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид. - На Атлетико не му пречи ако противникот ја има топката. Треба да играме без да примиме гол ако е можно. Секако, важно е ние да постигнеме први гол. Имаме фантастична можност да влеземе меѓу осумте најдобри. Ако играме како со Тотенхем, само 20% подобро, тогаш ќе победиме, сигурен сум, изјави менаџерот на Манчестер јунајтед. Во првиот натпревар во Мадрид, Манчестер јунајтед и Атлетико ремизираа (1:1). зс/

Остани поврзан