• недела, 24 ноември 2024

Рангник: Да му откажам на Баерн беше една од најтешките одлуки во мојата кариера

Рангник: Да му откажам на Баерн беше една од најтешките одлуки во мојата кариера

Минхен, 10 јуни 2024 (МИА) - Селекторот на Австрија, Ралф Рангник, призна дека го чинело многу да ја одбие понудата да го преземе Баерн Минхен. Баварците сакаа стручњакот да го наследи Томас Тухел, но тој даде негативен одговор и клубот се сврте кон Винсент Компани.

-Тоа беше една од најтешките одлуки во целата моја кариера. Во Баерн играат четворица мои поранешни играчи и четворица вработени во клубот, кои ги познавам од порано. Зборуваме за еден од гигантите на Европа. Вакви понуди не доаѓаат често. Го сфатив сериозно и ја разгледав понудата. Сакам да истакнам дека мојата одлука не е против Баерн како клуб, изјави Рангник во интервју за „Кикер“.

Под негово водство Австрија се пласираше на ЕП 2024. дс

Фото: Архива

Остани поврзан