• среда, 25 декември 2024

СДСМ: „Рамо до рамо до победа“ во Валандово, Босилово, Василево, Струмица, Радовиш и Ново Село

СДСМ: „Рамо до рамо до победа“ во Валандово, Босилово, Василево, Струмица, Радовиш и Ново Село

Скопје, 10 мај 2023

Теренските активности на СДСМ, „Рамо до рамо до победа“ продолжија и денеска со средби на тимовите на СДСМ со граѓаните во општините Валандово, Босилово и Радовиш.

Членот на ЦО на СДСМ, Љупчо Николовски денеска во Вландово, истакна дека СДСМ гради партнерски односи со земјоделците и заедно со нив креира мерки за унапредување на оваа стопанска гранка.

Први во регионот започнуваме со имплементација на ИПАРД 3 програмата, субвенциите се исплаќаат навремено и неселективно, а сега ќе започне и авансна исплата, за земјоделците да ги добијат парите кога им се најпотребни, исто така го продлживме рокот на договорите за закуп на земјоделско земјиште од 5 на 15 години, истакна Николовски и се осврна на најновата мерка за креирање на бизнис план во земјоделството, за која веќе е објавен првиот повик

Поддршката е во форма на кофинансирање во висина до 10.000 евра по корисник и истите можат да се искористат за набавка на земјоделска механизација, пчеларска опрема, силоси, опрема во објекти за производство на храна од животинско или неживотинско потекло, опрема за навигација и смарт земјоделство на постоечки трактори, комбајни и приклучна механизација, машини за разбивање на мраз, инвестиции во објекти на фарми за обновливи извори на енергија за сопствена потрошувачка, опрема за производство на тутун, како и набавка на хардвер и софтвер за примарно земјоделско производство, рече Николовски, додавајќи дека СДСМ секогаш стои рамо до рамо со земјоделците, го почитува и вреднува нивниот труд.

Со граѓаните во општина Босилово, во рамките на караванот на СДСМ „Рамо до рамо до победа“ се сретнаа Членката на ЦО на СДСМ Славица Грковска, која заедно со Фарук Омери се осврна на државничките политики на СДСМ, со кои Македонија од заробена држава, стана членка на НАТО, по 17 години тапкање во место ги започна преговорите за членство во ЕУ, со заштитен македонски јазик.

Станавме членка на НАТО, водиме проговори за членство во ЕУ и ја обезбедуваме иднината на државата. Сето тоа носи придобивки и за граѓаните, носи зголемени странски инвестиции, пристап до нови европски фондови и повеќе пари во македонската економија. Ние, како одговорна партија, заслужна за секој национален успех до сега, заедно со вас граѓаните, продолжуваме по европскиот пат, порача Грковска.

Со граѓаните на Василево рамо до рамо беа Каја Шукова и Наумче Мојсовски.

Успешно се справивме со енергетската криза, која клекна на колена и многу поголеми економии од нашата, и успешно реализираме енергетски политики особено во обновливи извори на енергија, за само 15 месеци се инсталирани 192 мегавати „зелена енергија“, со зголемено производство на електрична енергија од домашно производство на дело ги демантиравме заплашувањата од опозицијата дека струја нема да има, дека ќе мора да има рестрикции, истакна Шукова.

Не само што успеавме да се справиме со енергетската криза туку економскиte резултати се најдобар показател за успешноста на нашиот економски социјалдемократски модел со кој поставивме основи за понатамошен економски раст и зголемување на платите и пензиите, порача денеска во Струмица заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска на маалска средба во рамки на караванот „Рамо до рамо, до победа“.

- СДСМ по сите економски параметари има подобар резултат од ВМРО-ДПМНЕ. Минатата година, во време на светска економска криза, забележавме рекорден износ на странски директни инвестиции од околу 760 милиони евра, а тој тренд продолжува и во оваа 2023 година. Се отвораат нови и добро платени работни места. Ја зголемивме минималната плата на 20.175 денари, просечната на 34.000 денари, пензиите пораснаа за 8,4 отсто, а во тек е и исплатата на Мој ДДВ со зголемен лимит од 2.100 денари. Ние парите ги насочуваме кон граѓаните. Македонската економија е стабилна, развојна и конкурентна. Со економските политики на СДСМ создадовме услови за понатамошен економски раст и ново зголемување на платите и пензиите, порача Лукаревска.

Ставаме крај и на големите камати и на заработката од тие камати, додаде Лукаревска.

-Со предложените законски измени кои ги поднесе СДСМ отсега па натаму ниту еден наш сограѓанин нема повеќе да биде доведен во ситуација да плаќа камата поголема од долгот. Со еден праведен пристап во интерес на граѓаните спречуваме некој да профитира на грбот на народот. Со ова исполнуваме уште еден дел од програмата со што нудиме заштита и правичност за граѓаните, рече Лукаревска.

Заменик претседателката се осврна и на разликата во работата на градоначалниците од СДСМ и оние од ВМРО-ДПМНЕ.

- Додека градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ ги бетонизираат и задолжуваат општините, ги покачуваат комуналните услуги, а барањата на граѓаните ги игнорираат, градоначалниците од СДСМ посветено работат за своите општини. Најдобар пример за тоа е Костадин Костадинов со кога Струмица, станува првата општина со целосно електричен јавен превоз, општина кој вложува во секое населено место и нуди можности младите луѓе да останат тука, порача Лукаревска.

Караванот на СДСМ, „Рамо до рамо до победа“ денеска беше и Радовиш и Ново Село.

Потпретседателот на СДСМ Стефан Богоев во разговор со граѓаните на Радовиш, се осврна на државнички политики на СДСМ кои носат напредок на земјата, истакнувајќи ја притоа и силната поддршка со стратешкиот партнер САД.

- Исклучително важна за нас е пораката дека САД силно ќе ја поддржат европската иднина на земјава, реформите и чекорите за полноправно членство во ЕУ. Тоа е уште една потврда за исправните политики на СДСМ но и за вистинскиот правец по којшто ја движиме земјата. Оваа поддршка од САД доаѓа во период кога веќе успешно тече скрининг процесот а потребни се чекори во македонското Собрание за продолжување на преговорите со ЕУ до полноправно членство. Членството во ЕУ значи подобар животен стандард, ама и значи подобро образование, нови шанси за младите, пристап до фондови за подобар, европски систем со нови и добро платени работни места дома, во нашата татковина,  истакна Богоев.

И додека поддршката за продолжување на европскиот пат доаѓа од најважните стратешки партнери и сојузници на земјава, на нашата домашна политичка сцена против ЕУ се Христијан Мицкоски и Димитар Апасиев, кои како антиЕУ и антиНАТО политичари го блокираат и опструираат секој напредок за граѓаните и државата, додаде Богоев.

- СДСМ е заедно со вас граѓаните, рамо до рамо и заедно ќе ги порази деструкциите на двоецот Мицкоски-Апасиев, порача Богоев, во Радовиш.

Во Ново Село рамо до рамо со граѓаните беа членот на комисијата за земјоделство на СДСМ Гоце Георгиевски, заедно со Борче Хаџиев, кои ја нагласија грижата на СДСМ за сите земјоделци, но и за сите граѓани и нивниот стандард.

  • Ние вложуваме во земјоделството и вистински се грижиме за земјоделците. Воведовме нов модел на субвенционирање, но за прв пат воведовме и жените земјоделки за да можат да користат платено отсуство за мајчинство. Преку посебна програма, жените земјоделски се стекнуваат со право за користење финансиска поддршка за мајчинство, со финансиска поддршка во износ од 81.000 денари. Со нашите политики ги мотивираме земјоделците, да произведуваат повеќе а нивниот труд да биде вреднуван и почитуван. Пред неколку години, имавме едвај 40 винарии, производители на вино, наш традиционален квалитетен производ и бренд. Само две години откако ги направивме измените во Законот за вино и овозможивме регистрација на мали семејни винарии, бројката на регистрирани винарии е над 200. Денеска сме први во регионот по извоз на флаширано вино а на 29 место во светот. Тоа го носат вистинските политики, рече Георгиевски.
  • -Центар за комуникации СДСМ 

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: СДСМ

Остани поврзан