• петок, 20 декември 2024

„Рамо до рамо“ во општините Штип, Карбинци, Берово, Делчево, Зрновци, Пехчево

„Рамо до рамо“ во општините Штип, Карбинци, Берово, Делчево, Зрновци, Пехчево

Скопје, 19 април 2023

Потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи заедно со Кети Василевска беше во посета на Штип како дел од интензивните теренски актиности „Рамо до рамо, до победа“.

Во своето обраќање, Битиќи порача дека СДСМ во изминатите години преку одговорни и ефикасни економски мерки и политики успеа да ја стабилизира македонската економија, да ја направи конкурентна на регионалниот и европски пазар и тоа се потврдува со реални резултати.

- Потпишавме договор за историски највисока инвестиција со тајванската компанија Јагео која ќе инвестира рекордни 205 милиони евра и ќе вработи околу 4.000 луѓе. Дел од тие луѓе ќе бидат и овде од Штип затоа што една од двете фабрики ќе се изгради токму овде во ТИРЗ Штип, посочи потпретседателот Битиќи.

Доаѓањето на оваа инвестиција е резултат на добри политики за креирање на предвидлива бизнис клима која е важна за инвеститорите, доверлив партнер кој го имаат во Владата, членството во НАТО кое носи дополнителна стабилност и сето ова без скапи роад шоа, без потрошен ниеден денар од граѓаните, додаде потпретседателот Битиќи

-Добрите економски политики на оваа влада носат зголемен економски стандард за нашите граѓани, стабилни и добро платени работни места и простор за зголемување на нивната конкурентност на пазарот на труд. СДСМ ја зголеми минималната плата на 20.000 денари а просечната на над 34.000 денари. Ги исполнивме клучните изборни ветувања година пред предвидениот рок, рече Битиќи.

Пеце Мирчески и Вангелија Велева беа во општина Карбинци каде пред граѓаните порачаа дека земјоделците во СДСМ имаат сигурен партнер дека денес субвенциите се исплаќаат редовно, неселективно, а откупните цени уриваат рекорди. 

Теренските активности на СДСМ под мотото „Рамо до рамо до победа“ продолжија денеска со средби со граѓаните во Берово, Делчево и Зрновци.
 
 
Потпретседателот на СДСМ Перо Костадинов, заедно со Никола Рилак разговараше со граѓаните на Берово за сработеното во изминатиот период, пред се за мерките за справување со последиците од кризата, како за активностите што следат во наредниот период.
 
СДСМ е секогаш меѓу граѓаните, го слуша гласот на граѓаните и креира мерки и политики според потребите на граѓаните. Во период на криза ги ублаживме последиците со антикризен пакет од 700 милиони евра, со 80 отсто субвенционирани сметки за струја за граѓаните и малите бизниси, ја покачивме минималната плата на 20.175 денари, пензиите за 8,4 проценти, со СДСМ никој не е оставен сам да се справува со кризата, нагласи Костадинов, додавајќи дека разликата меѓу политиките на СДСМ и хаосот што го прави ВМРО-ДПМНЕ е јасна и очигледна.
 
Видовме што се случува во општините кадешто локалната власт е во рацете на ВМРО-ДПМНЕ. За 1 година нема ниту еден нов реализиран проект, само ги задолжуваат општините, удираат по џебот на граѓаните, а не работат ништо, Вие Беровчани најдобро ја гледате разликата, како управува СДСМ со вашата општина, а како ВМРО-ДПМНЕ во другите општини, нагласи Костадинов.
 
Рамо до рамо со граѓаните на Делчево денеска беа Каја Шукова и Наумче Мојсоски, кои разговараа пред се за инвестициите, во патната и железничката инфраструктура, како и во обновливи извори на енергија, кои претставуваат чекор кон зелената трансформација.
 
Од први јануари 2022 па до крајот на февруари оваа година во државата има инсталирано нови 182 мегават производни капацитети, главно во фотоволтаици. Тоа значи снабдување на околу 67.000 домаќинства. Во февруари за 80 отсто е зголемено домашното производство на електрична енергија и за првпат среде зима извезувавме вишоци на струја. Не дозволивме да има недостатокот од струја, немаше рестрикции, спречивме и ценовен шок и за граѓаните, и за компаниите, порача Шукова.
 
Средби со граѓаните на Зрновци, во рамките на теренските активности „Рамо до рамо“ оствари Никица Бачовски, кој разговараше за земјоделските политики на СДСМ, креирани заедно со земјоделците, со кои што е креиран нов модел на авансно субвенционирање.
 
Претставници на СДСМ денеска беа рамо до рамо и со граѓаните на Пехчево и Македонска Каменица.
 
 
Потпретседателката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска, заедно со Методија Димовски, со граѓаните на Пехчево разговараа за мерките и политики на СДСМ со кој се штити и унапредува стандардот на граѓаните, како и за европскиот пат на државата.
 
- За разлика од земјите во регионот, кај нас немаше ниту рестрикции, ниту зголемување на цената на електричната енергија. Го заштитивме стандардот на граѓаните во време на глобална економска и енергетска криза со пакет мерки вредни 760 милиони евра.  Минималната плата ја покачивме на над 20.000 денари година и пол пред ветеното на изборите. Со новата методологијата за усогласување на пензиите, во септември пензионерите ќе имаат за 25 проценти повисоки пензии. На меѓународен план продолжи напредокот, започнавме преговори со ЕУ после 17 години во чекалната и тоа со заштитен македонски идентитет, посебност и култура, рече Стојчевска.
 
Рамо до рамо со граѓаните на Македонска Каменица денеска беа Филип Николоски и Милена Стевановиќ, на кои стана збор за одговорните мерки, што ги споредува СДСМ, кои ги потврди и агенцијата „Фич“ којашто во последниот извештај го ревидираше кредитниот рејтинг на државата од негативен во стабилен.
 
-Според агенцијата “Фич” подобрувањето на рејтингот се должи на: отпорноста на домашната економија кон влијанијата на глобалната криза, макроекономската стабилност која се одржува. Ревидирањето на изгледот на кредитниот рејтинг претставува потврда за спроведувањето на добри политики во услови на глобална ценовна и енергетска криза, истакнаа Николовски и Стевановиќ на средбите со граѓаните во Македонска Каменица.

 

СДСМ - Центар за комуникации со јавноста

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки. 

 

Фото: СДСМ

Остани поврзан