• недела, 24 ноември 2024

Рамос нема да се врати во Севилја

Рамос нема да се врати во Севилја

Севилја, 4 јули 2023 (МИА) - Потпретседателот на Севилја, Хозе Марија дел Нидо Караско ја отфрли можноста за враќање на дефанзивецот Серхио Рамос.

 

- Во моментов Рамос не е опција за Севилја. Тој е одличен фудбалер кој потекнува од нашата младинска школа, но нема ништо меѓу него и Севилја, го цитира „Марка“ Караско.

 

Претходно беше објавено дека Интер Мајами е заинтересиран за 37-годишниот фудбалер.

 

Рамос беше во Севилја од 2002 до 2005 година. Од овој тим тој се пресели во Реал Мадрид во летото 2005 година за 27 милиони евра.

 

Шпанецот стана слободен играч летото по завршувањето на договорот со Пари Сен-Жермен. Во сезоната 2022/23, Рамос забележа 45 настапи во сите натпреварувања, постигнувајќи четири гола и една асистенција. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан