• вторник, 24 декември 2024

Рама побара поддршка од албанската дијаспора во САД за негов четврти мандат

Рама побара поддршка од албанската дијаспора во САД за негов четврти мандат

Тирана, 26 октомври 2024 (МИА) - Го барам вашиот глас од Америка за да ја направиме Албанија членка на ЕУ во 2030 година и да го подигнеме знамето на Скендербег и Исмаил Ќемали, со сите други знамиња на големото европско семејство, рекол премиерот Еди Рама на средбата во Њујорк со албанската дијаспора во САД.

Додал дека  „историјата не спречи да им се придружиме на земјите во ЕУ, денес е ден да направиме историја заедно".

-Ова е ветување над сите  ветувања,  суштина на мојата мисија на чело на албанската влада, посветеноста на Социјалистичката партија од самиот почеток и нашата непроменлива заложба од три мандати, рекол Рама, барајќи ја довербата за четврти мандат.

Парламентарните избори во Албанија ќе се одржат напролет следната година, на кои, за првпат, ќе може да гласа и албанската дијаспора.

Социјалистичката партија, чиј лидер е Рама, триумфираше, последователно на трите  изборни циклуси од 2013 година.

Отфрлајќи ги обвинувањата на опозицијата за монтирани политички процеси за да ја уништи опозицијата, изјавил дека „никогаш досега во нашата историја не бил истражен, суден и осуден поединец со висок политички профил од суд неконтролиран од политиката".

-Сите оние кои претходно биле осудени, од министрите од времето на диктатурата до поранешниот премиер Фатос Нано, биле политички осуденици на правдата која, без разлика дали во комунистичката диктатура или во албанската демократија, била нарачана и манипулирана од владејачката партија, рекол Рама, индиректно обвинувајќи ја Демократската партија.

Посочил дека во неговата земја сега функционира независно судство чии реформи се реализирани со помош на САД.

По средбата во Њујорк на трети идниот месец, ќе се сретне со албанската дијаспора во Солун.

Серијата средби тој ја почна во Атина на 12 мај, по што на 26 истиот месец беше во Милано. вт/


Фото: принтскрин ФБ на Рама

Остани поврзан