• четврток, 26 декември 2024

Рама од Исланд: Собранието на СЕ да ја отстрани дамката од Албанија и ОВК за трговија со органи

Рама од Исланд: Собранието на СЕ да ја отстрани дамката од Албанија и ОВК за трговија со органи

Тирана, 17 мај 2023 (МИА) – Албанскиот премиер Еди Рама во обраќањето на сесијата „Обединети околу Европа“, на Самитот на лидерите на Советот на Европа што се одржува во Исланд, рече дека Собранието на Советот на Европа треба да подготви нов извештај и да ја отстрани дамката што е ставена врз Албанија и врз Ослободителната војска на Косово за трговија со органи. На Тачи му се суди врз основа на извештајот на КиЕ спонзориран од Путин, јави државната агенција АТА.

Додал дека „како Албанец е невозможно да го избегнам поставувањето паралела меѓу Украина и претседателот Зеленски и Косово и претседателот Тачи“.

-Денес, на овој самит на Советот на Европа, не можам да седам без да се сетам дека неправдата кон ослободителната војна на Косово и нејзиниот лидер Хашим Тачи започна токму во Советот на Европа под злонамерно влијание на поранешната членка на овој Советот во тоа време, Руската Федерација. На претседателот на Косово, или како што Џо Бајден го нарече Џорџ Вашингтон на Косово, сега му суди специјален суд основан од демократскиот свет, но врз основа на извештајот на Советот од 2019 година кој беше ѓаволски спонзориран од претставниците на Владимир Путин во Собранието на Советот на Европа, рекол Рама.

Според него тогаш биле покренати целосно неосновани обвинувања за трговија со човечки органи како „почетна точка на криминалната кампања за оцрнување на Албанија и Косово“.

Рама рече дека кога ги слушнал пропагандните разговори на Кремљ за трговија со човечки органи од страна на неонацистите во Донбас, се чувствувал како да го видел претседателот Зеленски 10 години подоцна, суден од специјален суд по истите апсурдни обвиненија.

-Јас би бил виновен да молчев и да не зборувам денес овде и да го кажам следново, дека Собранието на Советот на Европа има морална обврска да ја исправи секоја грешка и во овој случај треба да го отвори патот за повлекување на извештајот во кој Албанија лажно се означува како база за сомнителна трговија со органи од страна на Ослободителната војска на Косово. Да се одбие да се соочиме со вистината денес би било полошо отколку да се направи оваа тешка грешка пред 12 години каде многумина со затворени очи гласаа за овој срамен извештај со добра волја продолжил Рама.

Според него „да се одбие да се соочиш со вистината денес, би било полошо отколку да се направи оваа тешка грешка пред 12 години кога многумина со затворени очи гласаа за овој срамен извештај со добра волја“.

Премиерот рече дека „Албанија никогаш немала илузии за природата на режимот на Москва и односот со Москва не постои уште од смртта на Јосиф Висарионовиќ Сталин“.

Нагласил дека секоја и најмала работа што ја направиле за Украина, ја направивме со најдлабока благодарност до украинскиот отпор.

-Од почетокот на војната, популарноста на Владимир Путин варира во Албанија од 0,7% на 1,2%. Албанија е доволно мала за да влијае на судбината на една ваква решавачка војна за иднината на Европа и светот, но секоја и најмала работа што ја направивме за Украина ја направивме со најдлабока благодарност до украинскиот отпор. Ова е причината што најубавото нешто што ние Албанците ќе го добиеме од овој самит, толку добро организиран од нашите исландски домаќин, изјавил Рама.

Рекол дека „мора да и се заблагодариме на Украина за она што го прави за сите нас и за Европа“. вт/сд/

Остани поврзан