• четврток, 26 декември 2024

Рама: Обвинувањата за продажба на дел од Јонско Море на Грција се екстремна глупост 

Рама: Обвинувањата за продажба на дел од Јонско Море на Грција се екстремна глупост 
Тирана, 26 декември 2020 (МИА) - По низата обвинувања дека на Грција и продал 12 милји од територијалните води на Јонско Море и станал предавник на националните интереси, албанскиот премиер Еди Рама одговори преку социјалните мрежи наведувајќи дека „сегменти од албанската политика продолжуваат да фрлаат национал-фолклорна кал, без знаење и без мерка“. - Национал-фолклорна кал на албанската политика без граници, без знаење и мерка, повторно се излеа во дигиталниот океан преку големата клевета за „продажба на морето“ на Грција! На оваа крајна глупост за политичка корист можат да веруваат само оние кои не сакаат ниту да слушаат, ниту да разберат, напиша Рама. Тој нагласи дека морето не и е продадено на Грција, туку дека „соседната земја ја искористила можноста да го искористи правото што и е признато“. - Правото од 12 милји се остварува онаму каде што е можно, а не онаму каде што не е можно, како што е случајот во зоната меѓу нас каде што за линијата на поделба ќе одлучува судот! Грција го искористи ова право неодамна, како што Албанија го направи тоа во 1990 година, напиша Рама. Тој исто така наведе дека проширувањето на Грција со 12 милји во Јонско Море „нема никаква врска со јонската зона меѓу нас“. - По поништувањето на неславниот договор од 2009 година и спорот што следеше, конечно постигнавме договор со грчката страна за разграничувањето на морската граница да решава Меѓународниот суд. Проширувањето за 12 милји на Грција во Јонско Море нема никаква врска со јонската зона меѓу нас, истакна албанскиот премиер. Рама посочи дека живееме во XXI век и во Европа, каде што морињата и териториите не можат да бидат „продадени“ и „купени“ ниту тајно ниту отворено од ниту еден посебен авторитет. вт/ми/

Остани поврзан