• среда, 18 декември 2024

Рама: Невозможно е да се замисли ЕУ во која ќе бидат вклучени Албанија и другите балкански земји без Србија

Рама: Невозможно е да се замисли ЕУ во која ќе бидат вклучени Албанија и другите балкански земји без Србија
 
 
Тирана, 26 април 2023 (МИА) - Албанскиот премиер Еди Рама во емисијата "Порта а порта"  на италијанскиот јавен сервис изјавил дека не размислува за проширување на Европската унија без Србија и дека мора „да ја држиме Србија многу блиску и да направиме се за да бидеме во политички единство со неа",  јавија албанските медиуми.
Оценил дека е "невозможно да се замисли ЕУ во која ќе бидат вклучени Албанија и другите балкански земји без Србија".
На прашањето дали Албанија се плаши од можно проширување на Европската унија во која е вклучена и Србија, во време кога Србија се смета за блиска до Русија, Рама одговорил " не само што не се плашиме од тоа, туку  ние сме доволно истакнат глас на Западен Балкан кој вели дека Србија мора да ја држиме многу блиску и мора да направиме се за да бидеме политички обединети“.
- Од друга страна, секако дека има разлики, бидејќи Србија не ја санкционираше Русија од јасни причини кои во одреден момент мора да се сфатат како причини од политичка и историска, но и прагматична природа“, посочил  тој.
Зборувајќи за влијанието на војната во Украина на Балканот и особено во Албанија, Рама рекол дека „мора да направиме сè за да избегнеме страста за војна да не вклучи во создавање спорови меѓу земјите-членки на НАТО и за НАТО на Балканот и меѓу Србија и заедниците кои припаѓаат на еден словенско-православен свет, кој е тесно поврзан со Русија“. 
Во врска со војната во Украина, вели дека  „најголема можност е ова да е еден од таканаречените замрзнати конфликти, но со многу  вознемирувачка димензија што може да ги земе како заложници не само Русија и Украина, туку и целиот свет, за подолг временски период". 
-И, ако Русите отсекогаш биле прилично сурови борци, Украинците се исти. Па да се каже дека овде може да се одлучи без нив, ми изгледа доста тешко, оценил Рама. вт/
фото ЕПА

Остани поврзан