• среда, 18 декември 2024

Рама му го презентирал проектот на Столтенгберг за поморска база на НАТО во Драч

Рама му го презентирал проектот на Столтенгберг за поморска база на НАТО во Драч
Тирана, 13 јули 2022 (МИА) - Албанскиот премиер Еди Рама денеска во Брисел, лично на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенгберг, му го претставил својот проект за формирање поморска база на Алијансата на албанска територија, јави дописничката на МИА од Тирана.
- Многу ја ценам вашата подготвеност да одвоите малку време во нашиот разговор за да ви ја претставиме нашата амбиција да додадеме уште една значајна вредност на инфраструктурата и логистиката на нашата алијанса со тоа што ќе му ставиме на располагање на НАТО поморска база од последниот збор, кое можеме да го изградиме, земајќи ги предвид предизвиците на нашето време, од климатските промени, од заштитата на животната средина и се друго, рекол Рама по средбата.
Според албанските медиуми, Рама јавно ја потврдил определбата за изградба на воена база во областа Порто Романо во Драч, но одбрал да не дава детали за овој проект.
Генералниот секретар на НАТО не го коментирал предлогот на Рама, но високо ја оценил посветеноста на Албанија за промовирање на стабилноста во регионот.
- НАТО стои до Украина додека се брани од бруталната војна на Русија. Обезбедуваме модели за поддршка и тоа ќе продолжи на долг рок. Ја поздравувам поддршката на Албанија за Украина, како и вашата неодамнешна посветеност на хуманитарна помош. Исто така, вашата неодамнешна посета на Украина беше важен доказ за солидарност, рекол Столтенберг.
Албанија издвои милион евра за помош на Украина, а Рама на 16. минатиот месец во посета на Украина беше заедно со црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ.
- Планот на премиерот Рама за изградба на воена база на НАТО странските медиуми го коментираат како закана на Албанија кон Русија и нејзиното влијание во регионот, наведува Топ чанел. вт/паг/
 
   

Остани поврзан