• среда, 27 ноември 2024

Рама за „Фајненшл тајмс“: Ги повикувам земјите од Западен Балкан да го одбијат секој предлог што не е поврзан со членството во ЕУ

Рама за „Фајненшл тајмс“: Ги повикувам земјите од Западен Балкан да го одбијат секој предлог што не е поврзан со членството во ЕУ
Тирана, 17 јануари 2022 (МИА) - Премиерот на Албанија, Еди Рама ги повика лидерите на Западен Балкан да ги отфрлат предлозите на „странските сили и да ја задржат вербата во сонот за членство во Европската унија“, јави дописничката на МИА од Тирана. Рама во интервју за „Фајненшл тајмс“ изјавил дека „Албанија никогаш нема да се откаже од Европа и ЕУ, без оглед на формата на ЕУ во иднина“. Од шесте земји од Западен Балкан, Албанија, заедно со Србија, Црна Гора и Северна Македонија се кандидати за членство во ЕУ, додека Косово и Босна се потенцијални кандидати. Според Рама, политичките пресметки на членките на ЕУ исто така одиграле улога во „одложувањата во последните 18 години откако блокот ветил дека ќе им дозволи влез по исполнувањето на критериумите“. „Албанците имаат свои разочарувања со Брисел, но тоа не го менува верувањето дека треба да бидеме таму. Ние ги консумиравме сите љубовни приказни и бракови“, вели Рама, мислејќи на врските прво со Русија, а потоа со Кина, кои Албанија ги имаше во комунистичката ера. Весникот наведува дека Рама во својот трет мандат ја промовирал идејата за заеднички регионален пазар договорена од сите шест земји во ноември 2020 година. Констатира дека во обид да се забрза процесот, Албанија, заедно со Србија и Северна Македонија, се согласиле да спроведат некои од одредбите, односно иницијативата „Отворен Балкан“, но три други земји се спротивставија. вт/паг/

Остани поврзан