• среда, 25 декември 2024

Рама демантира дека ЕУ ќе го врати визниот режим за Албанија

Рама демантира дека ЕУ ќе го врати визниот режим за Албанија
Тирана, 18 октомври 2022 (МИА) - Албанскиот премиер Еди Рама ја демантираше веста дека ЕУ ја разгледува можноста за враќање на визниот режим за Албанија, оценувајќи ја истата како лажни „трач муабети“ од таборот на опозицијата. Преку објава на Твитер Рама пишува дека сите знаат кому во Албанија му е воведена виза (мисли на Сали Бериша кој е прогласен за непожелен од САД и Велика Британија), притоа нагласувајќи дека нема никаква можност да се вратат визите за Албанија. -Сите знаат кому му е воведена виза во Албанија. Никој не треба да се чуди бидејќи се шират гласини дека ЕУ ќе го врати визниот режим! Нонграта нема шанси да се отстрани, визите тешко дека ќе се вратат и рубљата опозиција( се однесува на информациите дека демократите добивале финансиски средства од Русија) до последен здив нема да се откаже. РубљаЧорба, напиша Рама. Опозициската Демократска партија објави дека Чешката Република, земјата која претседава со ЕУ до крајот на годината, побара враќање на визниот режим за Албанија и за Србија. вт/ссм/

Остани поврзан