• среда, 18 декември 2024

Рама: Го чекаме ставот на КФОР, кој го истражува случајот со косовските полицајци и стоиме на ставот за итна деескалација

Рама: Го чекаме ставот на КФОР, кој го истражува случајот со косовските полицајци и стоиме на ставот за итна деескалација

Тирана, 14 јуни 2023 (МИА) – Албанскиот премиер Еди Рама реагираше за последните случувања со тројца косовски полицајци, нагласувајќи дека ја чека конечната реакција на КФОР, кој го истражува случајот.

Рама кој денеска присуствуваше на погребот на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони, во реакцијата на Твитер вечерва одговори и на критиките дека „официјална Тирана не реагирала во врска со настанот во Косово“.

- Кој вели дека молчиме или кој сака да долее масло на огнот со обвинувања додека КФОР го истражува случајот, не му е грижа за Косово или Албанија, туку само за изгубената политичка војна против мене или за политиката на имагинарната војна со Србија, напиша Рама на Твитер.

Тој повтори дека стои на ставот за итна деескалација на тензиите на северот на Косово, потсетувајќи дека „Албанија е дел од евроатлантската заедница и има иста линија како онаа што ја бомбардира Србија и ја создаде државата Косово“.

- Затоа морам уште еднаш да потсетам дека Албанија е дел од евроатлантската заедница и ја следи истата линија на оваа заедница, која ја бомбардира Србија и ја создаде државата Косово! Го чекаме зборот на КФОР кој го истражува случајот и стоиме на ставот за итна деескалација, нагласи Рама. вт/ми/

фото: Твитер

Остани поврзан