• сабота, 23 ноември 2024

Рама во официјална посета на Германија

Рама во официјална посета на Германија
  Тирана, 10 април 2022 ( МИА) - Албанскиот премиер Еди Рама доцна попладнево допатува во официјална посета на Германија, каде утре ќе има средби со високи германски функционери. Рама во Берлин го придружуваат неколку министри како и заменик градоначалникот на Тирана, Арбјан Мазнику. Тема на разговорите ќе бидат интеграцијата на Албанија во ЕУ, војната во Украина и руското влијание во западен Балкан. Првата средаба Рама ќе ја оствари со претседателката на општина Берлин Франциска Гифеј, попладне ќе се сретне со претседателот Франк Валтер- Штајнмаер, аво 18 часот планирана е средба со канцеларот Олаф Шолс, по што ќе имаат заедничка пресконференција. За време на посетата ќе биде потпишан договор за признавање на албанските возачки дозволи. вт

Остани поврзан