• сабота, 28 декември 2024

Рама: Браќа Македонци и Албанци прифатете го францускиот предлог 

Рама: Браќа Македонци и Албанци прифатете го францускиот предлог 
Тирана, 30 јуни 2022 (МИА) - Премиерот на Албанија, Еди Рама преку Твитер реагираше во врска со предлогот на француското претседателство за прашањето Бугарија-Северна Македонија. Рама пишува дека и се дава можност на Северна Македонија за безусловен пристап и го отвора патот за официјален почеток на преговорите за членство на двете земји во Европската Унија. -Последниот француски предлог, кој е и конечен, и дава можност на Северна Македонија за безусловен пристап и го отвора патот за официјален почеток на преговорите за членство на двете земји во Европската Унија! Им велам на браќата Македонци и Албанци во Северна Македонија: Прифатете!, напиша Рама. вт/аа/

Остани поврзан