• четврток, 19 декември 2024

Рама апелира до Собранието на ОН: Свртете ги очите кон кибербезбедноста, Албанија беше нападната од Иран

Рама апелира до Собранието на ОН: Свртете ги очите кон кибербезбедноста, Албанија беше нападната од Иран
Тирана, 24 септември 2022 (МИА) – Албанскиот премиер Еди Рама го повика Собранието на Обединетите нации да го зголеми својот фокус на кибербезбедноста. Шефот на албанската Влада во текот на својот говор истакна дека Албанија во мирно време била нападната од Исламската Република Иран, со цел да ги парализира јавните услуги и да ги украде податоците. Исто така, Рама го повика Советот за безбедност посериозно да ја третира кибербезбедноста. Тој додаде дека Албанија како одговор ги прекинала дипломатските односи со Иран и предупреди дека таков став ќе има кон секој кој поддржува или спонзорира такви акции. - Генералното собрание на ОН да се фокусира на кибербезбедноста. Во јули Албанија стана цел на масовен кибернапад. Јасната намера беше да се парализира јавниот сервис и да се украдат податоци. Продлабочената и долга истрага потврди дека нападот, со кој сакаше да се фрли на колена суверена земја, го изврши Исламската Република Иран. Ги прекинавме дипломатските односи со Иран а тоа ќе го примениме кон секој кој поддржува или спонзорира такви акции, рече Рама. Тој побара „Советот за безбедност посериозно да се заземе кога е во прашање кибербезбедноста“. вт/ми/

Остани поврзан