• недела, 24 ноември 2024

Ракометарите на Рајн-Некар Левен го совладаа Еурофарм Пелистер со 28:20

Ракометарите на Рајн-Некар Левен го совладаа Еурофарм Пелистер со 28:20
Манхајм, 25 ноември 2020 (МИА) - Ракометарите на Рајн-Некар Левен во редовно коло од ракометната Лига на Европа, синоќа рутински го совладаа македонскиот вице-првак Еурофарм Пелистер со 28:20 (14:11). Битолчани беа рамноправен противник само во првите 20 минути од натпреварот кога германскиот тим водеше со 8:7, а полувремето го реши во своја корист, со 14:11. Во второто полувреме лидерот во германскиот шампионат Рајн Некар Левен го зголемуваше водството, а во еден период од 38 до 48 минута битолчани не постигнаа ниту еден гол. На крајот резултатот беше очекуван и убедлив со победа на домашната екипа од 28:20. Најефикасни на средбата беа Вајгел со 7 и Генсхајмер со 6 постигнати голови, додека во ракометниот клуб Еурофарм Пелистер се истакна Периќ со 5 постигнати голови. мт/зс/

Остани поврзан