• среда, 18 декември 2024

Ракометарите на Еурофарм Пелистер го одржаа првиот тренинг со новиот тренер

Ракометарите на Еурофарм Пелистер го одржаа првиот тренинг со новиот тренер

Битола, 17 ноември 2024 (МИА) – Новиот тренер на македонскиот ракометен шампион, Раул Алонсо, денес го одржа првиот тренинг со битолскиот клуб.

Шпанецот во петокот пристигна во Битола. Во друштво на претседателот Зоран Стерјев тој се запозна со ракометарите и вработените во кклубот и во живо го следеше својот нов клуб на натпреварот против Прилеп.

Алонсо ќе биде официјално претставен утре, а ќе дебитира в среда против Фредериција во Лигата на шампионите. зс/

Фото: РК Пелистер

Остани поврзан