Ракометарите на Вардар продолжуваат со победите во Супер лигата
- Лидерот на табелата во ракометната Супер лига Вардар со победа ги продолжи натпреварите од вториот дел од сезоната откако вечерва го совладаа МРК Куманово 30:20
Скопје, 6.февруари 2026 (МИА) – Лидерот на табелата во ракометната Супер лига Вардар со победа ги продолжи натпреварите од вториот дел од сезоната откако вечерва го совладаа МРК Куманово 30:20.
Гостите единственото водство го имаа на почетокот на дуелот кога поведоа со 1:0, а „црвено-црните“ постојано го зголемуваа водството кое на полувреме изнесуваше 13:6. До крајот на дуелот Вардар ја зголемуваше предноста за убедливи +10 на крајот на натпреварот. Најефикасен на дуелот беше Јака Малус со 8 голови без промашување.
На вчера одиграниот дуел Охрид – Прилеп 28:17, другите четири натпревари од 19.коло се играат утре.
Вардар е лидер со 36 бодови, пред Охрид со 31 бод, Еурофарм Пелистер има 30, а Алкалоид 29. мн/
Фото: Фејсбук РК Вардар 1961