• среда, 18 декември 2024

Ракометарите на Вардар подобри од Еурофарм Пелистер со 26:23

Ракометарите на Вардар подобри од Еурофарм Пелистер со 26:23
Битола, 1 мај 2022 (МИА) - Македонскиот ракометен шампион Вардар вечерва во Битола го совлада Еурофарм Пелистер со 26:23, полувреме 11:11, и го отвори патот кон нова титула. Битолските ракометари полната спортска сала „Младост“ ја напуштија со наведнати глави и исвиркани од публиката која очекуваше победа и враќање на шампионскиот пехар кој последен пат во Битола беше подигнат во 2005 година. Во натпревар полн со тактизирање и тензија која повеќе ја создаваа навивачките групи на двата тима, вардарци во сите 60 минути беа во водство, односно уште од самиот почеток на средбата која во првото полувреме заврши нерешено со 11:11. Но, во вторите 30 минути гостите од Скопје не дозволија никакво изненадување, успешно го завршуваа секој напад, а на крајот и славеа со 26:23. Најдобар и најефикасен играч на натпреварот беше Моралес кој постигна 9 годлови, додека во домашниот тим Обрадовиќ постигна 5 голови. На крајот од средбата имаше мали инциденти со навивачи кои полицијата навремено ги реши. мт/зс/.

Остани поврзан