• недела, 22 декември 2024

Раководството на Интер следната недела ќе се сретне со агентот на Шкрињар

Раководството на Интер следната недела ќе се сретне со агентот на Шкрињар
Милано, 6 октомври 2022 (МИА) - Следната недела претставници на Интер ќе се сретнат со агентот на одбранбениот фудбалер Милан Шкрињар. Страните ќе разговараат за можноста за продолжување на договорот, пишува познатиот новинар и инсајдер Џанлука ди Марцио. Шкрињар беше заинтересиран за продолжување на договорот, но по интересот на Челзи и ПСЖ, ситуацијата се промени. Интер ќе мора да достави подобрена понуда за да не го загуби 27-годишниот Словак. Претходно беше објавено дека Шкрињар сака да добива 7,5 милиони евра годишно според новиот договор. Нероаѕурите на фудбалерот му нудат шест милиони и бонуси. Да потсетиме дека летото „нероаѕурите“ беа подготвени да го продадат дефанзивецот за 70 милиони евра, но поради договорот кој истекува на крајот од оваа сезона никој не се согласи да плати толкава цена. зс/

Остани поврзан