• недела, 24 ноември 2024

Раководството на воздушниот сообраќај пријави рекорден број сервисирани летови во воздушниот простор на Бугарија

Раководството на воздушниот сообраќај пријави рекорден број сервисирани летови во воздушниот простор на Бугарија

Софија, 8 август 2023 - Управата за воздушен сообраќај објави рекорден број на сервисирани летови во воздушниот простор на Бугарија.

Ова е веста на денот од Република Бугарија, избрана на Бугарската телеграфска агенција (БТА) за објавување од МИА, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат директно избрана од другата агенција вест на денот на соодветната земја, а другата агенција да ја објави на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор. 

Државното претпријатие „Управување со воздушен сообраќај“ (ДП РВД - БУЛАТСА) постави рекорд за сервисирани летови во воздушниот простор на Бугарија, објави компанијата на својата веб-страница.

На 6 август, бугарските контролори на летање обезбедија услуги за воздушна навигација на 3.715 авиони, од кои 3.451 летаа, што е за 18 отсто повеќе од истиот период во 2019 година. Ова го рангира РВД на осмото место во Европа во однос на оптоварувањето на воздушниот сообраќај.

Поставен е рекорд и за јули со ракувани 110.947 авиони, што е зголемување од 10,98 отсто во споредба со 2022 година, кога бројот изнесувал 99.972 летови. Бројот на меѓународни летови што слетале и одлетале за месецот во и од Бугарија изнесува 10.425. Во однос на истиот месец лани е забележан пораст од 799 летови или 8,30 отсто.

РВД исто така опслужува повеќе домашни летови. Во изминатиот месец тие беа 3.570, што е за 5 отсто повеќе од јули 2022 година. Најголем пораст е забележан во сервисираните прелети на авиони - 96.952, во споредба со 86.972 за 2022 година.

БТА потсетува дека во април, БУЛАТСА започна со обука на контролори на летање на АРМАТС - давател на услуги за воздушна навигација во Ерменија. Тие поминаа еднонеделен курс со содржини базирани на стандардите и препорачаните практики на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство - ICAO, како и теми според регулативата на Европската унија.

_________________________________________________________________________

Медиумската информативна агенција овие текстови ги објавува во оригинална форма, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка меѓу двете национални новински агенции МИА и БТА

 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан