• четврток, 26 декември 2024

Раководството на ВМРО-ДПМНЕ на средба со Герберих и Шулц

Раководството на ВМРО-ДПМНЕ на средба со Герберих и Шулц
Скопје, 9 март 2020 Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев заедно со потпретседателот, Владо Мисајловски и меѓународниот секретар Тимчо Муцунски остварија средба со амбасадорот на Сојузна Република Германија, Томас Герберих и Сузан Шулц, специјалниот пратеник на Германија за југо-источна Европа, Турција и земјите од ЕФТА. На средбата се разговараше за актуелните политички случувања во државата, престојните избори, реформите и злоупотребите на власта. Јанушев истакна дека престојните парламентарни избори се клучни за иднината на Република Македонија. Соговорниците се согласија дека европската иднина на Република Македонија е тесно поврзана со изборниот процес на 12 апри, изборите мора да бидат фер и демократски, а граѓаните слободно да ја изразат својата волја. Тој посочи по 12 април новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде фокусирана на реформите кои ќе значат приближување на државата до европските стандарди, воедно Јанушев потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ има план како да ја стави државата на брзата трака за членство во Европската Унија. Јанушев истакна дека криминалот и високата корупцијата се најголемите проблеми со кои се соочува македонската држава, воедно посочувајќи низа на криминални афери во кои беа вмешани високи државни и партиски функционери на СДСМ, злоупотреби за кои нема правна разрешница. Соговорниците се согласија дека односите помеѓу двете држави се на одлично ниво, но постои простор за понатамошна соработка и продлабочување. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Тагови

Остани поврзан