• петок, 27 декември 2024

РАИ емитуваше снимка од средба помеѓу Ренци и таен агент

РАИ емитуваше снимка од средба помеѓу Ренци и таен агент
Рим, 4 мај 2021 (МИА) - Во емисијата Репорт на италијанската телевизија РАИ прикажано е видео снимка на којха лидерот на Италија вива и поранешен премир Матео Ренци се сретнува со еден од шефовите на италијанската тајна полиција пред ресторан на автопат. Средбата помеѓу Ренци и Марко Манчини се случила во декември минатата година, кога Ренци работеше на смена на тогашниот премиер Џузепе Конте. Манчини, кој медиумите го опишуваат како Таен агент 007, во јавноста е познат по бројни афери. Ренци по објавувањето на снимката изјави дека Коте не е сменет поради интриги, туку едноставно поради тоа што МАрио Драги е подобар премиер. Тој ги обвини авторите на емисијата дека на надворешен соработник му платиле 45.000 евра да конструира случај против него. Членовите на Италија вива најавија парламентарна истрага поради телевизиската емисија. Лидерот на малата парламентарна партија Ренци кон крајот на минатата година успеа да ја собори тогашната коалициска влада на Конте, чиј член беше и Италија вива. ми/

Остани поврзан