• сабота, 23 ноември 2024

Раиси: Израелскиот напад врз иранскиот конзулат во Сирија е знак на длабочината на очајот и беспомошноста

Раиси: Израелскиот напад врз иранскиот конзулат во Сирија е знак на длабочината на очајот и беспомошноста

Техеран, 3 април 2024 (МИА) - За иранскиот претседател Ебрахим Раиси неодамнешниот напад на Израел врз иранската дипломатска мисија во Дамаск е  „еден од последните обиди на ционистичкиот режим да ја избегне смртта“.

Во вчерашниот телефонски разговор со сирискиот претседател Башар ал Асад, Раиси го опиша израелскиот напад врз конзуларното одделение на иранската амбасада во Дамаск како „знак за длабочината на очајот и беспомошноста на ционистичкиот режим“, пренесе агенцијата Тасним.

„Несомнено, овој режим и неговите поддржувачи ќе бидат казнети за овој терористички чин и брутални злосторства во Газа, а казната за сторителите на ова злосторство е дефинитивна и непроменлива“, додаде Раиси во изјавата објавена на неговата официјална веб-страница.

Раиси изјави дека Иран и Сирија отсекогаш го сметале Израел за „канцероген тумор“ што ги нарушува безбедноста, мирот и стабилноста во регионот и во светот.

Претседателот Асад, од своја страна, изрази сочувство до владата на Иран и семејствата на жртвите од израелскиот напад на иранската дипломатска зграда во Дамаск.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан