• недела, 01 септември 2024

Раиола негираше дека Ибрахимовиќ се согласил на договор со Милан

Раиола негираше дека Ибрахимовиќ се согласил на договор со Милан
Милано, 27 август 2020 (МИА) - Агентот на Златан Ибрахимовиќ, Мино Рајола, ги негираше информациите дека фудбалерот се согласил на нов договор со Милан. - Златан Ибрахимовиќ не потпиша нов договор со Милан, објави Рајола на Твитер. Вчера беше објавено дека Швеѓанецот се договорил со италијанскиот клуб за договор, со кој би заработил седум милиони евра, вклучително и бонуси. Во сезоната 2019/20, напаѓачот одигра 18 натпревари за клубот во Серија А, постигна 10 голови и направи пет асистенции. зс/

Остани поврзан