• четврток, 26 декември 2024

Раиконен: Чудно е да се вратиме на трки во сегашните услови, но зад воланот ќе заборавиме на сè

Раиконен: Чудно е да се вратиме на трки во сегашните услови, но зад воланот ќе заборавиме на сè
Лондон, 2 јули 2020 (МИА) - Пилотот на Алфа Ромео, Кими Раиконен го сподели своето мислење за почетокот на сезоната 2020 во Формула 1. -Малку е чудно да се вратиме на трки под вакви услови, но јас сум сигурен дека штом ќе се бидеме зад воланот, веднаш ќе заборавиме на сите ограничувања и ќе размислиме како подобро да управуваме со нашата работа. Паузата ни даде можност да поминеме време со семејството, но сега е време да се фокусираме на работата, изјави Раиконен. Сезоната 2020 од шампионатот во Формула 1 започнува со австриското Гран-при, што ќе се одржи од 3 до 5 јули. зс/

Остани поврзан