• недела, 24 ноември 2024

Разрешен директорот на ЈП „Водовод и канализација“ Златко Перински

Разрешен директорот на ЈП „Водовод и канализација“ Златко Перински

Скопје, 12 септември 2022 (МИА) - Златко Перински е разрешен од функцијата в.д. директор на ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје поради самоволие и несоодветно постапување во постапка за милионски тендер, соопшти Град Скопје.

Перински е разрешен во петокот, на 9 септември 2022 година.

-Град Скопје го разреши Златко Перински, в.д, директорот на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ поради самоволие и несоодветно постапување во постапка за милионски тендер. Поради обиди за влијание кои се сметаат за тенденција која ги потврдува основаните сомнежи на Град Скопје за самоволие и несоодветно постапување во постапката за избор на изведувач на тендер вреден 136 милиони евра, за изведба на пречистителна станица, Перински е разрешен во петокот на 09.09.2022 година, стои во соопштението од Град Скопје.

Остани поврзан