• среда, 25 декември 2024

Разрешен директорот на Скопската зоолошка градина

Разрешен директорот на Скопската зоолошка градина
Скопје, 14 јули 2022 (МИА) - По скандалот кој денеска ја потресе јавноста разрешен е вршителот на должност директор на Скопската зоолошка градина Кристијан Стаменов, известуваат од Град Скопје. - Културна, образовна и научна се основните дејности на ЗОО Скопје, а нејзина основна цел е да ги чува, одгледува и презентира живите експонати и истите да ги направи достапни за пошироката јавност. Личната одлука преземена од страна на директорот не соодветствува со основните заложби за хумано чување и одгледување на животни и за истото мора директорот да понесе одговорност, поради што истиот се разрешува, стои во соопштението од Град Скопје. Разрешувањето следува по информацијата која се прошири низ медиумите дека десетина коњи и мазги биле заклани во скопската Зоолошка. ар/сп/

Остани поврзан