• недела, 24 ноември 2024

Разрешен Александар Филев од директор на Јавната Установа Меѓуопштински центар за социјална работа – Радовиш

Разрешен Александар Филев од директор на Јавната Установа Меѓуопштински центар за социјална работа – Радовиш

Скопје, 4 април 2024 (МИА) - Техничкиот министер за труд и социјална политика Ѓоко Велковски донесе решение за разрешување на Александар Филев од директор на Јавната Установа Меѓуопштински центар за социјална работа – Радовиш по добиеното известување на 03.04.2024 од СВР Струмица, соопштија денеска од Министерството за труд и социјална политика (МТСП).

- На Александар Филев, според известувањето од Министерството за внатрешни работи, Бирото за јавна безбедност СВР Струмица, ОВР Радовиш – ОСИД, рег.бр.23.26.2.3-609/2 на 19.03.2024 година, поднесена му е кривична пријава за сторено кривично дело Загрозување на сигурноста по член 144 став 4 од Кривичниот законик и три прекршочни барања по член 6, по член 11 став 1 и член 13 став 2  од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, се наведува во соопштението.

Со ваквите дејствија, се додава, загрозување на сигурноста, прекршоците за нарушување на јавниот ред и мир поради пијана состојба, учество во тепачка и навредување на службено лице на државен орган или друга институција која врши јавни овластувања во вршење на службата, Александар Филев со крајно несоодветно однесување, а притоа неводејќи сметка за јавниот углед и интерес на институцијата кој ја преставува,  направил груба повреда на законот и статутот на институцијата.

- Имено, во член 189 од Законот за социјална заштита ( "Службен весник на РСМ бр.104/19, 146/19, 275/19, 302/20, 311/20, 163/21, 294/21, 99/22, 236/22 и 65/23) е предвидено дека директорот на Установата може да биде разрешени пред истекот на мандатот за кој е именуван доколку постапува противправно, односно спротивно на јавните интереси, соопштија од МТСП. рт/цр

Фото: МИА архива

Остани поврзан