• четврток, 26 декември 2024

Разрешена претседателката на Судски Совет Весна Дамева, утре ќе се избира нов претседател

Разрешена претседателката на Судски Совет Весна Дамева, утре ќе се избира нов претседател

Скопје, 26 април 2023 (МИА) - Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева денеска е разрешена од функцијата.

На денешната седница на Судскиот совет настана расправија откако Дамева одби да стави точка на гласање која ја немаше во дневниот ред. Нејзиниот заменик Селим Адеми повика на гласање за нејзно разрешување, при што седум члена го поддржаа, по што тој констатира дека Дамева е разрешена и во нејзино присуство го презеде раководењето со седницата.

Од Судскиот совет за МИА потврдија дека утре во 11:00 часот ќе се одржи седница за избор на нов претседател.

Весна Дамева беше избрана за претседателка на Судскиот совет на местото на Павлина Црвенковска во декември минатата година. дма/

Фото: МИА архива

 

 

 

Остани поврзан