• вторник, 27 август 2024

Разговор со Живко Грозданоски во Градската библиотека во Скопје

Разговор со Живко Грозданоски во Градската библиотека во Скопје

Скопје, 3 април 2024 (МИА) - Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ најавен е разговор со Живко Грозданоски, авторот на книгата „Писмо за Глорија“. Разговорот и книгата на месецот се дел од големата кампања „Читаме современи македонски автори“ што Библиотеката ја спроведува веќе втора година, како поддршка на домашната издавачка продукција и силна промоција на македонскиот јазик. Настанот е најавено да започне во 19 часот во спомен - собата „Т’га за југ“.

- „Писмо за Глорија“ е слоевито дело, кое меѓу другото, говори и за пишувањето како еден вид терапија. Живко Грозданоски е роден во 1986 година во Кичево. Основно училиште завршил во Бигор Доленци и во Кичево, средно во Скопје. Дипломирал на Катедрата по италијански јазик и книжевност. Пишува проза и книжевност за деца. Неговите кратки раскази се преведени на десетина јазици, а негови романи се преведени на бугарски и на италијански. Преведува и препејува од и на италијански јазик. Член е на Друштвото на писателите на Македонија и на Здружението на преведувачи на Македонија (ЗПРМ). Периодов е посветен на организација и изведба на работилница по креативно пишување автофикциски расказ „по природниот тек на нештата“, пишува во соопштението од Библиотеката.

Предвидено е разговорот со Живко Грозданоски да го води книжевната критичарка Александра Јуруковска, а фрагменти од делото ќе чита актерот Андреј Серафимовски.

Во рамките на кампањата „Читаме современи македонски автори“, крајот на месецот секогаш се заокружува со Клубот на читатели посветен токму на книгата на месецот. бд/мд/

Фото: Градска библиотека „Браќа Миладиновци“

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан