• среда, 18 декември 2024

Видео разговор на претседателот Пендаровски со припадниците на Армијата распоредени во меѓународните операции и мисии

Видео разговор на претседателот Пендаровски со припадниците на Армијата распоредени во меѓународните операции и мисии

Скопје, 27 декемви 2023 (МИА) - Претседателот Стево Пендаровски денеска остварил видео разговор со припадници на нашата Армија кои се распоредени во меѓународните операции и мисии, предводени од ООН, НАТО и ЕУ.

Пендаровски, како што соопшти неговиот Кабинет, ги поздравил нашите мировници кои се ангажирани во операцијата за поддршка на мирот „КФОР“ во Република Косово - предводена од НАТО, во мисијата на НАТО активноста за зголемено истурено присуство во Република Латвија, во мисиите на НАТО активностите за зголемена будност во Република Бугарија и во Романија, во операцијата за поддршка на мирот „АЛТЕА“ во БиХ - предводена од ЕУ и во мисијата „УНИФИЛ“ во Република Либан - предводена од ООН.

Во разговорот, претседателот Пендаровски се заблагодарил за нивниот ангажман, како и професионалоста и пожртвуваноста преку кои припадниците на нашата армија активно придонесуваат за мирот и безбедноста во светот и претставуваат најважен влог во колективната одбрана.

Честитајќи ги претстојните новогодишни празници, претседателот Пендаровски на нашите мировници им посакал добро здравје и успех и им порачал и натаму да останат посветени и професионални во извршувањето на задачите, бранејќи ги заедничките вредности – мирот и слободата, во земјите каде што се распоредени.  дма/са/

Фото: Кабинет на претседателот на РСМ

 

Остани поврзан