• четврток, 26 декември 2024

Радуловиќ: Недозволиво е шампионска екипа да има 42 изгубени топки на два натпревара

Радуловиќ: Недозволиво е шампионска екипа да има 42 изгубени топки на два натпревара
Бања Лука, 10 февруари 2022 (МИА) – Тренерот на МЗТ Скопје Аеродром, Дарко Радуловиќ како голем проблем за неговиот тим ги нагласи многуте изгубени топки на двата последни натпревара во АБА 2 лигата. Аеродромци синоќа против Подгорица имаа 21 изгубена топка, но за нивна среќа го добија натпреварот со поените на Адем Мекиќ на две секунди пред крајот. - Овие три дена одигравме два инфарктни натпревари. Од Сутјеска изгубивме меч кој повеќе заслуживме да го добиеме , отколку овој со Подгорица. Имаме проблем со изгубени топки. На два натпревара имаме 42 изгубени топки, нешто што е недозволиво за шампионска екипа. Тоа мора да го решиме. Имавме проблем и со скокот. Сумарно, проблем ни се изгубените топки и ако тие грешки ги намалиме ќе бидеме подобри. Добро е што победивме. Сега среќата беше на наша страна. Таква е кошарката, истакна Радуловиќ. Следниот натпревар, последен од „балонот“ во Бања Лука, МЗТ Скопје ќе го игра на 12 февруари против Војводина. Со седум победи и два пораза „сино-белите“ од Аеродром се на 2. место на табелата во втората по квалитет регионална кошаркарска лига. зс/

Остани поврзан