• среда, 27 ноември 2024

Радуловиќ: Далеку сме од идеалната форма, претстојната сезона ќе нема изразит фаворит

Радуловиќ: Далеку сме од идеалната форма, претстојната сезона ќе нема изразит фаворит
Скопје, 26 септември 2021 (МИА) – Тренерот на МЗТ Скопје, Дарко Радуловиќ, синоќа ги предводеше аеродромци до победа над Работнички (79:78) и до четвртиот трофеј во кошаркарскиот Суперкуп. По натпреварот, тој посочи дека неговиот тим е далеку од идеалната форма и дека не се сметаат за изразити фаворити во новото првенство. - Заслужено го победивме овој натпревар, но далеку сме од идеалното, не сме изразит фаворит, но МЗТ е МЗТ, шампионска екипа. Беше прв официјален за нас, беше прв и за Работнички на почетокот на новата сезона, затоа и е помалку нормално емоциите да бидат нагоре-надолу. Резултатски гледано, искрено можеби ние не очекувавме Работнички да се претстави во едно вакво, одлично светло. И дефинитивно ќе бидат сериозен противник во текот на сезоната. Оваа сезона лигата има доста квалитетни екипи со сериозни, со широки ростери. Ќе биде многу интересна сезона, истакна Радуловиќ. Новото првенство почнува следниот викенд, а МЗТ Скопје Аеродром одбраната на титулата ќе ја почне во Битола против Пелистер. зс/

Остани поврзан