• понеделник, 28 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Радукану ќе ги пропушти квалификациите за Купот на Били Џин Кинг

Радукану ќе ги пропушти квалификациите за Купот на Били Џин Кинг

Лондон, 3 април 2025 (МИА) - Светскиот рекет број 48, Ема Радукану се повлече од настапот за Велика Британија во квалификацискиот циклус за купот Били Џин Кинг, јавува „Би-би-си“.

Според британскиот медиумски сервис, на тенисерката и треба кратка пауза за да се „грижи за своето тело“. Застапниците на Радукану исто така истакнаа дека ова е тешка одлука за Британката.

Квалификациите за Купот Били Џин Кинг ќе се одржат од 10 до 13 април. Репрезентацијата на Велика Британија ќе игра во група со Холандија и Германија во Хаг, Холандија.

Претходно, второпласираната светска тенисерка, Ига Швјонтек, ги откажа настапите за Полска во квалификациите за турнирот. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан