• среда, 25 декември 2024

Радукану: Моите мисли се окупирани само на тенисот

Радукану: Моите мисли се окупирани само на тенисот

Лондон, 8 јули 2024 (МИА) – Британската тенисерка Ема Радукану ги сумираше впечатоците по годинашниот нејзин настап на Вимблдон.

Таа вчера загуби во осминафиналето и не ги оствари целите, да оди подалеку на Грен слемот во Лондон.

- За две недели победив двајца противници од топ 10 и за мене ова е важно достигнување што треба да ја зајакне мојата самодоверба. Пред шест месеци, кога штотуку се враќав од операции, со задоволство ќе прифатев четврто коло на Вимблдон. Но, се разбира, јас сум разочарана. Секако дека сакам повеќе. Се се случува со причина. Овој резултат само ме поттикнува и ја засилува мојата жед за победа. Сè уште треба да се подобрам во некои аспекти. Некои работи ми функционираа подобро за време на сезоната на трева. Но, треба да работите на постојаност за да играте добро секој ден, а не само понекогаш. Ова ми дава одлучност. Моите мисли се окупирани само со тенисот. Тоа е единственото нешто на кое сакам да се фокусирам. Желбата за игра и огнот се вратија. Сакам да продолжи вака, рече Британката на прес-конференцијата по мечот со Лулу Сун.

Радукану има трофеј од големите турнири, победи на УС Опен во 2021 година. 

На Вимблдон осминафиналето и е најголем дострел, така беше и пред три години. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан