• четврток, 26 декември 2024

Радукану ангажираше нов тренер

Радукану ангажираше нов тренер
Лондон, 9 ноември 2021 (МИА) - Британската тенисерка Ема Радукану има нов тренер, откако ја прекина соработката со Ендрју Ричардсон по сензационалниот триумф на Ју Ес Опен во септември годинава. Нов тренер на британската млада тениска ѕвезда е Торбен Белц, кој беше долгогодишен тренер на Германката Анжелик Кербер. Радукану како причина за отказот на Ричардсон наведе дека и е потребен поискусен тренер, а изборот го сведе на 44-годишниот Белц, кој ја воведе Кербер меѓу десетте најдобри светски тенисерки пред да ја прекинат соработката во 2013 година. По тригодишна пауза, Кербер и Белц повторно почнаа да соработуваат, по што германската тенисерка ги освои Австралија Опен и Ју Ес Опен, стигна до финалето во Вимблдон, освои сребрен олимписки медал и се искачи на чело на ВТА листата. Соработката повторно ја прекинаа во 2017 година. Радукану по триумфот на Ју Ес Опен доживеа рани елиминации на турнирите во Клуж и Индијан Велс. ег/ми/

Остани поврзан