Радовишанец управувал автомобил без дозвола и под дејство на алкохол
- Радовишанецот С.М.(36) вчера е уапсен од полицијата откако при контрола било утврдено дека управува автомобил без возачка дозвола и под дејство на алкохол, соопштија денеска од СВР Струмица
Струмица, 2 март 2026 (МИА) - Радовишанецот С.М.(36) вчера е уапсен од полицијата откако при контрола било утврдено дека управува автомобил без возачка дозвола и под дејство на алкохол, соопштија денеска од СВР Струмица.
Имено, вчера во 12:55 часот во Радовиш при контрола на патниот сообраќај полициски службеници констатирале дека С.М. управувал патничко возило „фолксфаген“ со радовишки регистарски ознаки без да поседува возачка дозвола.
-Дополнително, од извршено мерење со дрегер е утврдено дека тој возилото го управувал под дејство на алкохол, односно со 1,73 промили алкохол во крвта. Лицето е задржано во Полициската станица Радовиш, са настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш, по чии насоки возилото е одземено, се наведува во соопштението на СВР Струмица.
Се додава дека по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик- „безобѕирно управување со моторно возило”. рт/дма/
Фото: МИА архива